Американската Тајна служба отвори истрага откако во Вашингтон беше пронајден обиен дипломатски автомобил со оштетен систем за палење, објави локален новинар. Возилото Киа е со регистрација на Амбасадата на Северна Македонија, додава тој. Инцидентот се случил на 28 ноември, на околу 4 километри од амбасадата.
Од македонската амбасада во САД не се овластени да даваат изјави, додека во МНР се зафатени со самитот на ОБСЕ што се одржува денеска во Скопје.
Во САД масовно се крадат автомобили од јужнокорејскиот бренд откако на ТикТок се раширија видеа со упатство како да се украде само со користење на УСБ кабел. Крадците се најчесто тинејџери кои неформално се нарекуваат „Киа Бојс“.