ОБОЕНИ КИНОТО МАНАКИ И СУДОТ ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБОЕНИ КИНОТО МАНАКИ И СУДОТ ВО БИТОЛА

    Додека траеја превирањата за директорската фотелја на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, новото кино „Манаки“ во Битола ја смени бојата. Шарената револуција ја обои фасадата на новата зграда која е подигната на Широк Сокак на местото каде пред деведесетина години било киното на браќата Манаки. Неговото обновување, едно од главните изборни ветувања на Талески, трае веќе три години, а допрва треба да се опремува. По игра на случајноста киното беше ишарано денес, точно на датумот кога почна неговата градба пред три години.

    На вечерашните протести повторно со боја беше гаѓан Основниот суд во Битола, а демонстрантите побараа прекинување на протворот за Здравко Савевски од партијата „Левица“ кој е битолчанец.

    Учесниците на протестот за оставка на Талески  вечерва зборуваа и за притисоците врз новинарите, посочувајќи го примерот на новинарката Анета Блажевска од Битола која ја загуби работата како дописник во Утрински весник откако напиша текст во кој праша „Колку е богат битолскиот градоначалник?“

    „Токму за тој имот за кој ако се напишеше се делеа отказни решенија и тужби, сега СЈО бара да биде замрзнат“, изјавија демонстрантите.

    Тие повторно побараа оставка од Талески и повлекување на аболицијата за него. Вечерва не се упатија кон театарот каде свечено се затвораше Фестивалот на монодрамата. На затворањето не се појави ни Талески, очигледно поучен од настаните на отворањето кога демонстрантите го чекаа со транспарент „Честито аболиција“. Дојдоа само неговата сопруга и ќерка.

    Додека се собираше публиката за Фестивалот на монодрамата пред Театарот продефилираа учениците во протестот на провладината невладина организација ГДОМ упатувајќи се кон зградата на СДСМ. Дел од директорите на битолските фирми беа во поворката на ДОМ, а дел ја полнеа театарската сала.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира