ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВО И ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОР СО ЧУВАЊЕ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ЗА НЕГОТИНЕЦОТ КОЈ ПИЈАН ЈА УБИ ПАРТНЕРКАТА

    ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВО И ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОР СО ЧУВАЊЕ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ЗА НЕГОТИНЕЦОТ КОЈ ПИЈАН ЈА УБИ ПАРТНЕРКАТАОбвинителството предложи и продолжување на притворот и определување задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на обвинетиот. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт за убиство против насилникот кој пијан ја претепа вонбрачната партнерка на 2 август, по што таа почина на 6 авгѕуст. Обвинителството предложи и продолжување на притворот и определување задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на обвинетиот.

    „Обвинетиот, на 2 август, во состојба на битно намалена пресметливост и со присуство на 1,94 промили алкохол во крвта, извршил семејно насилство врз една оштетена со која предтходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. По вербална расправија, тој најпрвин со бокс и тврди предмети ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа ја турнал кон туш кабината, при што оштетената се здобила со телесни повреди од кои на 6 август починала на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Со оглед на тоа што вештачењата покажаа дека обвинетиот го сторил делото во состојба на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот, освен изречената кривична санкција, да определи и дополнителна мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“, соопшти Обвинителството.

    56-годишната жена од Неготино падна во кома откако ја претепа нејзиниот партнер и воопшто не се разбуди од комата, и покрај тоа што тимот хирурзи по приемот ѝ ја оперирале главата, поради многу тешки телесни повреди по што беше приклучена за респираторни апарати.

    Основниот суд Кавадарци на насилникот тогаш му определи мерка притвор од 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира