ОБВИНЕТИОТ МИЈАЛКОВ ИМАЛ СИМПТОМИ НА КОВИД-19, ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    ОБВИНЕТИОТ МИЈАЛКОВ ИМАЛ СИМПТОМИ НА КОВИД-19, ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕПоранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на претходно рочиште на предметот „Тврдина-Таргет“ во Основниот кривичен суд. (Фото: СДК.МК)

    Денешното судење за масовното незаконско прислушување во предметот „Тврдина-Таргет“ беше одложено поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, за кого неговиот адвокат Љупчо Шврговски кажа дека имал симптоми на ковид-19, објави државната агенција МИА.

    Шврговски кажа дека позитивна на коронавирус била сопругата на Мијалков, балерината Александра, а вчера и тој развил симптоми на ковид-19 и денеска попладне ќе прави тест. Мијалков, според адвокатот, имал покачена температура и сува кашлица.

    Судењето треба да продолжи задутре.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира