ОБВИНЕТИОТ ВО „МОНСТРУМ“ АГИМ ИСМАИЛОВИЌ СО КОНТРАДИКТОРНО СВЕДОЧЕЊЕ, СЕГА НЕ СЕ СЕЌАВА КАДЕ БИЛ ЗА ВРЕМЕ НА УБИСТВОТО

    ОБВИНЕТИОТ ВО „МОНСТРУМ“ АГИМ ИСМАИЛОВИЌ СО КОНТРАДИКТОРНО СВЕДОЧЕЊЕ, СЕГА НЕ СЕ СЕЌАВА КАДЕ БИЛ ЗА ВРЕМЕ НА УБИСТВОТОСЈО останува на речиси истото обвинение од организиран криминал за извршен тероризам против обвинетите, од кои двајца 6 години се недостапни. - Обвинетите во „Монструм“ пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ во предметот „Монструм“, за кого во обвинението пишува дека покрај избеганите и шест години недостапни Алил Демири и брат му Африм Исмаиловиќ, ги изрешетал четирите деца кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, го почна сведочењето со контрадикторни изјави.

    Денеска тој не знаеше каде бил за време на убиството вечерта меѓу 18 и 20 часот и рече: „Може сум бил дома, може сум се клањал. Не се сеќавам, одамна беше“, по што обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи му предочи исказ што го дал пред јавниот обвинител од организиран криминал каде што тврдел дека тогаш работел со брат му Африм Исмаиловиќ на канализацијата околу нивната куќа.

    На денешното судењето тој кажа дека друга верзија, дека дента пред убиството работел во интернет кафето во негова сопственост, залепено за семејниот дом во Сингелиќ. Тој рече дека за убиството слушнал од медиумите и дека со брат му се згрозиле од тоа што го чуле, а се пожали дека при апсењето тој бил малтретиран во полициската станица во Кисела Вода, каде барале од него да потпише документ и да признае дека го извршил делото. Тврди и дека потоа бил тепан до онесвестување кога бил однесен во притвор во затворот во Битола поради безбедносни причини.

    На прашање на Фетаи, каде е брат ви, кого државата го бара шест години и дали контактирате со него, тој рече: „Контактирам, мојот брат живее и работи во Приштина, адресата не ја знам, ја знае косовската полиција, прашајте ја неа“.

    По паузата, судењето ќе продолжи со сослушување на останатите обвинети Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари