ОБВИНЕТИОТ ЗА 27 АПРИЛ НИНЏА САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО СУД

    ОБВИНЕТИОТ ЗА 27 АПРИЛ НИНЏА САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО СУДОд нападот во Собранието на 27 април лани. (Фото: СДК.МК)

    Александар Василевски – Нинџа, еден од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1 и оттаму е префрлен во притвор во Шутка, објави државната агенција МИА.

    „Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во негово отсуство и согласно тоа решение е упатен во истражниот затвор ’Скопје‘“, велат од судот.

    Нинџа беше во бегство повеќе од пет месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира