ОБВИНИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ГОНЕЊЕ КРИМИНАЛ ОД ОМРАЗА

    ОБВИНИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ГОНЕЊЕ КРИМИНАЛ ОД ОМРАЗАСо донесување Национален план, со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата; - Јавниот обвинител Љубомир Јовески (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорката Ингибјорг Солрун-Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза, позната како ПАХТ програма, соопшти Обвинителството.

    Сите потписници на Меморандумот ќе назначат нивни Национални офицери за имплементација на оваа програма.

    „Ценејќи дека криминалот од омраза претставува повреда на човековите права и закана за владеењето на правото и демократската стабилност, потписниците на Меморандумот се обврзаа да дадат активно учество во реализација на програма за обуки наменети за јавните обвинители“, вели Обвинителството.

    Со донесување Национален план, со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира