ОБВИНИТЕЛОТ НА ЗВРЛЕВСКИ ИМ ОВОЗМОЖИ МАЛИ КАЗНИ, НАСИЛНИЦИТЕ ДОБИЈА ЧЕСТИТКИ

    ОБВИНИТЕЛОТ НА ЗВРЛЕВСКИ ИМ ОВОЗМОЖИ МАЛИ КАЗНИ, НАСИЛНИЦИТЕ ДОБИЈА ЧЕСТИТКИПо изрекување на условните казни, осудените среќни излегоа од судот, а таму ги чекаше група т.н. тврдокорни, со кои, задоволни од најмлаките казни, си честитаа. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителот Александар Марковски од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, кој им поднесе благо обвинение на првата група девет обвинети за насилството во Собранието, може кривично да одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Денеска судијката од Основниот суд Скопје 1 Милка Ангеловска – Васевска по таквото обвинение срочено само за учество во толпа и поради тоа што сите до еден го признаа лесното дело, експресно ги пројде со условни казни. Ниеден од деветтемина обвинети учесници во насилствата, не доби казна затвор.

    „Ти, ќе го повториш делото?“ „Не“. „Седи. Условна казна.“ Вака изгледаше експресното земање исказ на судијката од обвинетите, по што веднаш следуваа и завршните зборови и пресудата. По ова тие среќни излегоа од судот, а таму ги чекаше група т.н. тврдокорни, со кои, задоволни од најмлаките казни што може да ги посакаат насилниците, си честитаа.

    „Ако обвинител во еден настан со повеќе и со потешки кривични дела, покренува обвинение за најлесното по вид и казна, каде не се исцрпува ни дел од фактичкото кривично дело, или фактичките кривични дела кои се случиле, врши злоупотреба на службената положба и овластувањата“, објаснуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК правни експерти, кои го следат однесувањето на Обвинителството по крвавите настани на 27 април годинава.

    Од коментарите на 20-темина оштетени полицајци, специјалци од МВР и од собраниската полиција, можеше да се чуе дека во претесната судница фалеа повеќе оштетени, кои беа на првото закажано рочиште пред една недела и кои бараа оштетно побарување од обвинетите. Спротивно на Законот за кривична постапка е судија да почне процес без да се присутни сите до еден странки во постапката, но тоа денес се случи.

    Освен тоа, зачуди и фактот што за разлика од минатиот пат кога зборувавме со оштетените специјалци и припадници на собраниското обезбедување и кога најавуваа отштетни побарувања, сега само четворица од нив се изјаснија дека ќе бараат отштета.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира