ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА ПО ШТО БЕБЕТО ПОЧИНАЛО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА ПО ШТО БЕБЕТО ПОЧИНАЛООЈО бара притвор оти има индиции за бегство на осомничениот. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје бара притвор за скопјанец кој вчера ја претепал бремената сопруга по што бебето починало.

    „Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербалпочинална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште. Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал. Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото“, соопшти Обвителството.

    До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото. Против него се води истражна постапка кривично дело Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира