ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО ИСПИТУВА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУГА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО ИСПИТУВА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУГАИздадена e наредба да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.(Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Струга ќе го испитува случајот со енормно загадување на водата за пиење. Обвинителството оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

    „Во координација со Министерството за внатрешни работи, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, соопштија од Обвинителството.

    Директорот на Јавното претпријатие „Водовод“ Струга, Меџијаит Јусуфоски, вчера поднесе оставка од морална причини оти веќе пет дека не можe да се користи заматената вода од градскиот водовод. Стружани велат дека од чешмите почнала да тече темнокафеава вода, а надлежните институции веднаш воведоа целосна забрана за користење.

    „Се работи за голема катастрофа, еколошка катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи, деца, градинки. Јас сум во фирмата 43 години, не се памети вакво заматување на водата. Водата била бистра, чиста. Сме имале во минатото и проблеми, но тие се решиле. Сега ги информирав и замолив сите институции, но моите надлежности како в. д. директор се до тука. Во истиот момент јас давам оставка”, рече Јусуфоски.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира