ОБВИНИТЕЛСТВОТО​ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ИСТРАЖУВА ОБИД ЗА УБИСТВО ИЛИ УЧЕСТВО ВО ТОЛПА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО​ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ИСТРАЖУВА ОБИД ЗА УБИСТВО ИЛИ УЧЕСТВО ВО ТОЛПААктерот Владо Јовановски и управникот на МОБ Игор Дурловски (во средината, со очила) се едни од инцијаторите на ‘За заедничка Македонија’ кои насилно влегоа во Парламентот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Оновното јавно обвинителство Скопје не кажува дали истражува обид за убиство или далеку полесно кривично дело – учество во толпа, за завчерашниот напад на Собранието, кога беа повредени неколку пратеници. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој претрпе повреди на главата, обвини дека се работи за организиран обид за убиство, но од ОЈО велат дека сѐ уште немаат одредено правна квалификација на извршените кривични дела.

    „До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела. Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице  за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите“, соопшти ОЈО.

    Оттаму не го кажуваат ниту бројот на лицата лишени од слобода со образложение дека ќе го напрат тоа кога ќе се создадат услови и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира