ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ПО ДОПРЕН ГЛАС ПРОТИВ ДРИСЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ПО ДОПРЕН ГЛАС ПРОТИВ ДРИСЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАОсновното јавно обвинителство соопшти дека по допрен глас отворило истрага против Дрисла по член 218 од Кривичнииот законик.

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за работењето на скопската депонија Дрисла за кривично дело загадување на животната средина и природата според член 218 од Кривичниот законик. ОЈО соопшти дека истрагата е отворена по допрен глас.

    „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО. Побарано е и информација ако е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, стои во соопштението на ОЈО.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари