ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ДИЛЕР НА МАРИХУАНА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ДИЛЕР НА МАРИХУАНАПретресот бил извршен на 18 јануари, при што полицијата пронашла над 300 грама марихуана и дигитална вага со траги од дрога. (архивска фотографија)

    Основното јавно обвинителство Гостивар му предложи на Основниот суд Гостивар да му определи мерка притвор во траење од 30 дена на жител на гостиварското село Сенокос, кај кого полицијата при претрес пронајде марихуана, соопштија од Јавното обвинителство.

    Како што велат од обвинителството, претресот бил извршен на 18 јануари, при што полицијата кај него пронашла над 300 грама марихуана и дигитална вага со траги од дрога.

    „Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, па јавниот обвинител поведе истрага против осомниченото лице“, соопштија од обвинителството.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира