ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ОД 27 АПРИЛ ПРЕПОЗНАТИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ОД 27 АПРИЛ ПРЕПОЗНАТИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    Основното јавно обвинителство побара притвор за трите лица кои вчера ги пријавија граѓаните по препознавањето дека биле учесници на нападот на Собранието на 27 април.

    Скопското обвинителство соопшти дека донело наредба за проширување на истрагата за уште 3 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство,.

    Осомничените беа вчера препознаени со помош на граѓаните по објавување на нивните фотографии.

    „Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица“, соопшти јавното обвинителство .

    Претходно Јавното обвинителство на Република Македонија им се заблагодари на граѓаните со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени на страницата на МВР.

    Претпладнево, Основниот суд Скопје 1 соопшти дека судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четворица од петмина уапсени вчера за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април, додека за петтиот, поради влошена здравствена состојба, судот дополнително ќе одлучи, соопшти Јавното обвинителство. Тепачот, кому здравствената состојба му се влошила за време на вчерашниот распит, бил однесен на Клиниката за кардиологија.

    Агенцијата Мета објави дека реакцијата на граѓаните што помогнале во идентификувањето и во пронаоѓањето на трите лица осомничени за учество во насилствата во Собранието, од 27 април била многу брза.

    Неофицијално, голем број граѓани експресно реагирале по објавувањето на фотографиите, со информации за осомничените лица. Реакции со поддршка имало и преку „Фејсбук“, а голем бил бројот на граѓани кои за кратко време се јавиле на бројот 192 со информации за осомничените, кои, како што дознаваме, се од Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира