ОЧЕКУВАМ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ОЧЕКУВАМ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА, РЕЧЕ МИЦКОСКИЦената на дизелот треба да се намали за 2,5 денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата кажа дека очекува на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да донесе одлука со која ќе се намали цената на горивата. Како што кажа Мицкоски, цената на дизелот треба да се намали за 2,5 денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари.

    Со тоа максималната цена на Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, 84 денари на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари за литар, без попустите од „Окта“ од 2 денара за бензините, односно 3 денари за дизелот.

    Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, се врз основа на направената анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите во изминатата недела.

    „Остануваме и следната недела на мерките со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, по која РКЕ може да постапува“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира