ОЧЕКУВАМ ВЛАДАТА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ЕВРОАТЛАНСКИОТ ПАТ НА ЗЕМЈАТА, РЕЧЕ АГЕЛЕР ВО ЧЕСТИТКАТА ДО МИЦКОСКИ

    ОЧЕКУВАМ ВЛАДАТА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ЕВРОАТЛАНСКИОТ ПАТ НА ЗЕМЈАТА, РЕЧЕ АГЕЛЕР ВО ЧЕСТИТКАТА ДО МИЦКОСКИАмериканската амбасадорка Анџела Агелер на социјалната мрежа Икс го честиташе изборот на новата Влада.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Американската амбасадорка Анџела Агелер на социјалната мрежа Икс го честиташе изборот на новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Агелер напиша дека очекува Владата да го продолжи евроатланскиот пат на земјава.

    Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата на нејзиниот евроатлантски пат“, напиша Агелер на Икс.

    Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во честитката напиша дека „Европската Унија тесно ќе соработува со новата Влада во постигнувањето напредок на суштинските реформи и унапредувањето на патот кон ЕУ“. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира