Во изминатите 24 часа починати се 15 лица по компликации од ковид-19, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар, соопшти Министерството за здравство. Ова е највисоката дневна бројка на починати лица по компликации од коронавирус од почетокот на коронакризата.
Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома, на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Оздравени се 150 пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 6.625, оздравени се 2.748, починати се 321, а има 3.556 активни случаи.
Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.208, активни 2.010
• Куманово 769, активни 219
• Дебар 102, активни 50
• Штип 355, активни 161
• Прилеп 269, активни 43
• Тетово 723, активни 389
• Струга 242, активни 145
• Велес 189, активни 42
• Битола 54, активни 20
• Охрид 180, активни 151
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 129, активни 70
• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 16, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 73, активни 21
• Пробиштип 20, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 1
• Валандово 7, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 36, активни 32
• Кичево 38, активни 32
• Ресен 111, активни 97
• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.653 теста се преку: ИЈЗ –1.001, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -138, Судска медицина-6, Систина со ПЦР метода -161, ЦЈЗ Битола-29, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 422
• Аеродром – 154
• Бутел – 162
• Гази Баба – 177
• Центар – 141
• Карпош – 160
• Сарај – 155
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 110
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 88
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 20
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
Б. НЕСТОРОСКА