ОД 31 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 МИНАТАТА НЕДЕЛА, КАЈ 24 СЕ РЕГИСТРИРАНИ И ДРУГИ ЗАБОЛУВАЊА

    ОД 31 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 МИНАТАТА НЕДЕЛА, КАЈ 24 СЕ РЕГИСТРИРАНИ И ДРУГИ ЗАБОЛУВАЊАРегистрирани се 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела - Амбулантнбо возило пред модуларната болница кај Инфективната клиника - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Изминатата недела од ковид-19 најмногу се заразиле лица на возраст од 30 до 39 години, или од вкупни 2.243 нови позитивни случаи, заболени се 456 лица од оваа возрасна група, или 20, 3 отсто.

    Во извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври стои дека се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19 или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.

    Регистрирани се 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.  Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (440; 19,6%), 20-29 (414; 18,5%), над 60 (405; 18,1%) и 50-59 (343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (53; 2,4%) и 10-19 години (132; 5,9%).

    Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена)

    По добиени 2 негативни како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.

    Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800. Во моментов во болница се лекуваат 432 пациенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира