ОД ЧЕТИРИ СУДЕЊА ПО ОБВИНЕНИЈА НА СЈО ДОСЕГА, ТРИ СЕ ПАДНАА КАЈ СУДИЈКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА

    ОД ЧЕТИРИ СУДЕЊА ПО ОБВИНЕНИЈА НА СЈО ДОСЕГА, ТРИ СЕ ПАДНАА КАЈ СУДИЈКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКАСЈО бараше изземање на судијката Лидија Петровска оти се споменува во бомбите, а поднесе и претставка за нејзино разрешување поради нестручно и несовесно работење. - Специјалната обвинителка Катица Јанева (Фото: Ѓ. Личовски)

    Обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Триста“ е распоредено кај судијката Лидија Петровска, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Петровска ги суди и случаите на СЈО „Тврдина 2“ против Горај Грујевески и „Транспортер“ против Владимир Талески, а единствениот друг случај на СЈО кој што стигна до судење, „Насилство во Општина Центар“ против Никола Груевски е кај судијката Татјана Михајлова. Почетокот на главната расправа за „Триста“ е закажан за 15 ноември.

    „Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите ( СЈО ) означен како „Триста“, кој беше одобрен од советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет со КОК бр. 40/17, согласно АКМИС – системот, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја насрочи за 15.11.2017 година во 10:30 часот за кога се испратени покани за странките во постапката“, соопшто Основниот суд Скопје 1.

    СЈО уште на 23 септември минатата година побара изземање на судијката Лидија Петровска оти се споменува во бомбите како „сваровски судијка“, а потоа на 27 февруари побара и нејзино разрешување. И двете барања на СЈО беа одбиени.

    Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошникот министер во Министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира