ОД ДЕКЕМВРИ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ УЧАТ ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ ПЛАЌА ДАНОК, ПОЧНУВА ПРОЕКТ ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ ВО ШКОЛИТЕ

    ОД ДЕКЕМВРИ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ УЧАТ ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ ПЛАЌА ДАНОК, ПОЧНУВА ПРОЕКТ ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ ВО ШКОЛИТЕФокусот на проектот е младите генерации да научат што се даноци и зошто се важни, како функционира УЈП, како се пресметува, пријавува и плаќа данок. (Фото: К. Попов)

    Од декември во основните и средни училишта во земјава ќе почне проектот „Фискална едукација“, со кој учениците ќе се запознаат со улогата на даночниот систем и да ги надоградат своите знаења за фискалната писменост.

    Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи  (УЈП) денеска потпишаа меморандум за спроведување на проекот, затоа што, како што рекоа министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова, исклучително  е важно да „создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции“.

    „Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.

    Фокусот на проектот е младите генерации да научат што се даноци и зошто се важни, како функционира УЈП, како се пресметува, пријавува и плаќа данок, кои се граѓанските обврски и права поврзани со јавните приходи и кои се придобивките од одговорно и навремено исполнување на даночните обврски“, велат од МОН и УЈП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира