ОД НЕДЕЛА, МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЛОБОДНО ЌЕ ПАТУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА, КОВИД-ТЕСТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА АВИОПАТНИЦИТЕ

    ОД НЕДЕЛА, МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЛОБОДНО ЌЕ ПАТУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА, КОВИД-ТЕСТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА АВИОПАТНИЦИТЕГерманската амбасада потсетува граѓаните да внимаваат на обврската за виза, зависно од целта и траењето на престојот. (Фото:СДК.МК)

    Сојузната влада на Република Германија ги укина сите ограничувања за влез за лица со место на постојано живеење во Република Северна Македонија, почнувајќи од недела, 20.06. (0:00 часот), соопшти Германската амбасада во Скопје.

    Од недела, повторно се дозволени патувања во Германија за која било цел, на лица со постојано место на живеење во Македонија. За оние кои пристигнуваат со авион, и понатаму е потребно да имаат негативен тест, доказ за прележаност на вирусот или доказ за целосна вакцинација.

    Во соопштението, Германската амбасада во Скопје потсетува граѓаните да внимаваат на обврската за виза, зависно од целта и траењето на престојот.

    „Во однос на повторната обработка на визи за сите цели на патување, вклучително и вработување согласно чл. 26 став 2 од Регулативата за Западен Балкан, ќе објавиме детални информации на нашата веб-страна следната недела. Ве молеме да не упатувате индивидуални прашања и следете нè на нашата веб-страна“, се вели во соопштението на фејсбук – страната на Амбасадата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира