ОД НОЌЕСКА НА ПОЛНОЌ ЗАТВОРЕНИ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА

    ОД НОЌЕСКА НА ПОЛНОЌ ЗАТВОРЕНИ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈАЗаглавени цистерни со деривати на граничниот премин Евзони - Богородица - од штрајкот во февруари оваа година (Фото: В. Трајков)

    Од вечерва па во наредните 24 часа во прекин ќе биде сообраќајот на сите три гранични премини кон Република Грција, соопшти МВР.

    Прекинот е поради најавениот еднодневен генерален штрајк на грчките царински служби.

    Според известувањето од МВР на Граничниот премин Стар Дојран од вечерва во 21,00 часот  до утре (01.06) во истото време нема да бидат пропуштани патнички и товарни моторни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци.

    На Граничниот премин Богородица од вечерва на полноќ до истото време на 02.06 целосно ќе биде во прекин сообраќајот со транспортни моторни возила,  додека пак за време на 24 часовниот штрајк автобускиот и патниот сообраќај ќе функционира со прекини (60 минути блокада и 15 минути пропуштање на возила).

    Целосно во прекин ќе биде и сообраќајот на Граничниот премин Меџитлија, освен за патници кои пеш ќе ја минуваат границата, а во периодот од 00,00 часот на 01.06. до истото време на 02.06.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира