ОД ПЕТ АКТИВНИ ПОЖАРИ, ДВА СЕ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

    ОД ПЕТ АКТИВНИ ПОЖАРИ, ДВА СЕ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОНОд пожарите во Светиниколско изминативе денови. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Македонија има 5 активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во:  Општина Македонски Брод: с. Тажево – с. Брезница – крак кон Јасен;  Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с. Базерник;  Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница- Вапила активен на 4 точки;  Општина Богданци: Погана према Ветерен парк Богданци и Општина Пробиштип: с. Зелениград – с. Јамиште.

    Вчера имало 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати. Под контрола се пожарите во:  Општина Кочани: с. Пресека;  Општина Свети Николе: с. Патетино;  Општина Пласница: с. Пласница – с. Латово, Македонски Брод и  Општина Македонска Каменица: с. Дулица.

    Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера кажа дека на територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ер-трактора“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални теренски возила за движење по тешко пристапни предели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира