Забраната за емитување српска музика стартува од ноќва на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика, па на македонските телевизии и радио станици им останува да пуштаат бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.
Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.
Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.
Повеќе за забраната на следните линкови:
ОД ПОЛНОЌ СТАРТУВА ЗАБРАНА ЗА ЕМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА
ОД САБОТА ЗАБРАНА И ЗА ЕМИТУВАЊЕ СРПСКА МУЗИКА
ЗАБРАНЕТ ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО ПОРАДИ МАКЕДОНСКА МУЗИКА