ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ПОЧНЕ НАПЛАТАТА НА ПАТАРИНИТЕ НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП

    ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ПОЧНЕ НАПЛАТАТА НА ПАТАРИНИТЕ НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИПНа наплатните станици Преод и Кадрифаково има 7 наплатни кабини.(Фото: СДК.МК)

    Од понеделник ќе почне да се наплатува патарина на наплатните станици на автопатот Миладиновци-Штип. Цената во еден правец за моторни возила е 70 денари. На наплатните станици Преод и Кадрифаково има 7 наплатни кабини и поставен е електронскиот систем за наплата.

    „Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

    Изградбата и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод чини изнесува 2,5 милиони евра, а за наплатната станица Кадрифаково 2,3 милиони евра.

     

    Наплатната станица Преод                 Наплатна станица Кадрифаково

                             денари      евра                                                   денари     евра

    1А Категорија        40           0,50                     1А Категорија       30            0,50

    1Б Категорија        70           1,50                      1Б Категорија       50            1,00

    2-ра Категорија    100          2,00                   2-ра Категорија    90           1,50

    3-та категорија     180          3,00                   3-та категорија     150          2,50

    4-та Категорија     270          4,5                    4-та Категорија     220          4,00

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира