ОД ПОРТА НА ТРИУМФОТ ДО ПОРТА НА ОТПОРОТ – СИМБОЛОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

Со речиси секојдневно фрлање боја на фасадата демонстрантите го излеваат гневот собиран од 2009 година, кога почна реализацијата на мегаломанскиот проект "Скопје 2014" па се досега

    ОД ПОРТА НА ТРИУМФОТ ДО ПОРТА НА ОТПОРОТ – СИМБОЛОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Капијата направена да го величи триумфот во Македонија, последниве месец и пол е највпечатливиот сведок за поразот на проектот Скопје 2014. Скопјани се одважија да го покажат својот став кон Порта Македонија со боење на белиот мермер. Со речиси секојдневно фрлање боја на фасадата тие го излеваат гневот собиран од 2009 година, кога почна реализацијата на мегаломанскиот проект “Скопје 2014” за кој до сега Владата потроши над 600 милиони евра од државниот буџет.

    Релјефите на објектот висок 12 метри се дело на авторката Валентина Стефановска Каранфилова, а изградбата на самата порта чинеше околу 4,5 милиони евра.

    Шарените револуционери речиси секојдневно минуват под Триумфалната капија, на сличен начин како што под неа на 8 септември 2011 година со почесен марш минаа поранешниот премиер Никола Груевски и целиот државен врв на одбележувањето на 20 годишнината од независноста на Македонија

    Шарените револуционери речиси секојдневно минуват под Триумфалната капија, на сличен начин како што под неа на 8 септември 2011 година со почесен марш минаа поранешниот премиер Никола Груевски и целиот државен врв на одбележувањето на 20 годишнината од независноста на Македонија

    Тогаш пред поранешниот премиер одеа воениот оркестар и припадниците на почесната гарда, а сега прво низ Портата минува специјалната единица за боење, ја обележува, а зад нив се сите кои бараат промени. Оркестар нема, но има труби и свирчиња.

    И тогаш Портата, исто како и во една прилика за време на шарената револуција беше покриена со џиновски пердиња. На прославата на 20 годишнината Портата се уште не беше довршена, па за да не влезат во кадар, незавршените делови од Портата беа покриени со платна на кои беше насликано она што треба да се изгради.

    Второто тирумфално поминување под Портата беше на кошаркарите. Тие се вратија со освоено четврто место од Европското првенство во Литванија во септември 2011 година, само неколку дена по прославата на дваесетгодишнината. Со двокатен автобус минаа под Портата и застанаа кај Воинот на коњ за прослава на успехот.

    Четири месеци подоцна, на Бадник 2012 година, Портата беше довршена и свечено пуштена во употреба. Тоа беше прв пат. Имаше официјално отварање и втор пат. Во октомври истата година, Министерството за култура промовираше монографија за тоа како се градеше Портата и што претставуваат релјефите поставени на нејзината фасада па уште еднаш свечено ја пушти во употреба.

    Второто тирумфално поминување под Портата беше на кошаркарите. Тие се вратија со освоено четврто место од Европското првенство во Литванија во септември 2011 година

    Второто тирумфално поминување под Портата беше на кошаркарите кога се вратија со освоено четврто место од Европското првенство во Литванија во септември 2011 година

    Уште кога беше подигната и почна да го добива мермерот скопјани почнаа на Портата да ѝ даваат разни имиња. Најприфатено беше “торта”, оти со белината и формата потсетува на торта, а во последниве неколку недели најчесто се именува “Шарена врата”. Таа пред два месеци доби и нова содржина, служи како замена за старото матично и во неа се склучуваат бракови. Во свадабарските албуми е овековечена Шарената револуција, оти на Портата ниту едни младенци не минуваат без сликање.

     

    Денес низ Портата прво минува специјалната единица за боење, ја обележува, а зад нив се сите кои бараат промени

    Денес низ Портата прво минува специјалната единица за боење, ја обележува, а зад нив се сите кои бараат промени и повлекување на аболицијата за сите осомничени за криминал (Фото: СДК.МК)

    МВР поднесе кривични пријави до демонстранти од Шарената револуција поради боењето на Порта Македонија со образложение дека објектот е „недвижно културно наследство – културен споменик“. Но според податоците од веб страницата на Управата за заштита на културното наследство Порта Македонија не е на списокот на Националниот информативен систем за културно наследство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира