ОД ПРВИ ЈАНУАРИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА ОД 0.68 ДО 2,24 ОТСТО

    ОД ПРВИ ЈАНУАРИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА ОД 0.68 ДО 2,24 ОТСТОВо првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти. (Фото: СДК.МК)

    Од први јануари, сметките за струја ќе бидат повисоки за околу 1 отсто. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти.

    Со тоа, ако сметката за струја на едно семејство во првиот блок сега е 2.000 денари, од први јануари ќе биде зголемена за 13,6 денари.

    Претседателот на Регулатроната комисија за енергетика Марко Бислимоски кажа дека ЕВН Хоум на почетокот на месецот доставила одлука со која бара цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти.

    Ова нивно барање е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок“, вели Бислимоски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира