ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА 45 МИНУТИ СО АВТОПАТОТ КОЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПОЧЕТОКОТ НА 2021, НАЈАВИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ХОТИ

    ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА 45 МИНУТИ СО АВТОПАТОТ КОЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПОЧЕТОКОТ НА 2021, НАЈАВИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ХОТИЗаев кажа деака за време на првата посета на косовскиот премиер Авдулах Хоти во земјава разговарале за многу детали, меѓу кои и за автопатот кој е важно стратешко прашање со кој ќе може да се стигне од Скопје до Приштина за 45 минути. - Заев и Хоти денеска во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Автопатот Скопје-Приштина ќе почне да се гради во првото тромесечје од 2021 и верувам дека за 2,5 години ќе биде готов, рече денес премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Скопје со косовскиот премиер Авдулах Хоти. Заев кажа дека за време на првата официјална посета на Хоти во земјава разговарале за многу детали, меѓу кои и за автопатот кој е важно стратешко прашање, со кој ќе може да се стигне од Скопје до Приштина за 45 минути.

    „За првата делница од околу 2 километри е завршен тендерот, победи ‘Гранит’. Втората делница е на завршување на експропријационите односи каде треба да го решиме поранешниот полигон со Генералштабот кој стои на таа делница. Во моментот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин како да влезат внатре покриени преку ИПА-компонентата. Ако сите овие работи ги завршиме до крајот на годината, верувам дека во првото тромесечје од 2021 ќе се стартува со комплетна реализација на ова автопатско решение. По проектните документации на Европската банка за обнова и развој, за тоа е предвидено 3 до 4 години, јас верувам дека ќе биде за 2,5 години, може да се стигне. Затоа што е 21 век, има современи и добри механизации имајќи во предвид дека доста време се изгуби на други прашпања како што е експропријацијата“, рече Заев и меѓудругото додаде дека се разговарало и за поврзување на Тетово и Призрен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира