ОД УТРЕ ДО 23 НОЕМВРИ БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ЗА СИДА И СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР „САКАМ ДА ЗНАМ“ ВО СКОПЈЕ

    ОД УТРЕ ДО 23 НОЕМВРИ БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ЗА СИДА И СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР „САКАМ ДА ЗНАМ“ ВО СКОПЈЕРезултатите се доверливи и се добиваат за 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија. (Фото: ХЕРА )

    Од утре до 23 ноември е организирано бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот центар „Сакам да знам“, кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски Марко бр. 2. Тестирањето е од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 – 18 часот и сабота од 12 -15 часот.

    Акцијата ја организира Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА во чест на Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје. Мотото е „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“.

    Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни.

    „Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос“, велат од ХЕРА.

    Резултатите се доверливи и се добиваат за 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија.

    „Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот центар“, апелираат од Асоцијацијата.

    Термин за бесплатно тестирање може да се закаже на телефонскиот број 02/ 3176-950, или онлајн на следниов линк.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира