Од викендов, пациенти ќе почнат да се примаат и во новите Koвид-центри на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, вели Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид-19. Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.
„И покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид-центрите на Интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’“, велат од Министерството.
На Интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа 6 во Ковид-центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во Ковид-центарот во„ 8 Септември“ се примени 10 нови пациенти.
На Кожната клиника во Ковид-центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациенти, од кои 14 деца и 27 возрасни.
Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 9 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 43.835, оздравеа 25.782, починаа 1238, а активни случаи се 16.815.
Б. НЕСТОРОСКА