ОД УТРЕ ПОЧНУВА ЈАВНИОТ УВИД ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ОД УТРЕ ПОЧНУВА ЈАВНИОТ УВИД ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТНовата верзија на избирачкиот список ќе биде на јавен увид до 23 овој месец. - Од првата седница на новиот состав на ДИК (фото: К. Попов)

    Јавниот увид на податоците во најновата верзија на избирачкиот список, за претстојниот референдум на 30 септември, почнува од утре и ќе трае до 23 овој месец до 24 часот.

    Државната изборна комисија (ДИК) оваа верзија од избирачкиот список ќе ја објави на својата веб страница. Сите граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список тоа ќе може да го направат и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

    „Сите што ќе увидат грешки во нивните лични податоци или за некој член од семејството до 23-ти ќе можат да поднесат барање за исправка. Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните треба да ги поднесат во нашите подрачни одделенија и канцеларии“, велат од ДИК.

    Избирачкиот список кој се става на јавен увид, како што велат од ДИК, е состојба од податоците на граѓаните кои заклучно со 30 септември годинава станале полнолетни.

    Според последните податоци од ДИК од локалните избори лани вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список е 1.814.644 гласачи. Тие ќе може да гласаат на вкупно 3.400 гласачки места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира