ОД 1 СЕПТЕМВРИ САНКЦИИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ШТО НЕМА ДА ТРОШАТ 15 ОТСТО ПОМАЛКУ СТРУЈА ОД ЛАНИ

    ОД 1 СЕПТЕМВРИ САНКЦИИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ШТО НЕМА ДА ТРОШАТ 15 ОТСТО ПОМАЛКУ СТРУЈА ОД ЛАНИПредвидено е исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина. (Фото: СДК.МК)

    Од утре, државните институции треба да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани, а ќе има санкции за раководителите на институциите ако не се спроведе оваа мерка за штедење, според мерките што на 16 август ги најави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Овие мерки ќе важат до 31 март следната година, а предвидено е исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се печатат само потребните материјали и да се заменат прозорците со енергетски ефикасни.

    „Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претпријатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“, кажа тогаш Бектеши.

    Бектеши кажа дека ќе нема рестрикции на струја ниту се очекуваат, освен во случај на хаварија. Покрај задолженијата за државните институции, Владата препорача и домаќинствата и приватните бизниси да штедат струја, за да се намали притисокот врз ЕСМ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира