ВИКЕНДОВ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС Е ОД 19 ДО 5 ЧАСОТ, ЗА НАД 67-ГОДИШНИ ДВИЖЕЊЕ ОД 5 ДО 12, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ВИКЕНДОВ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС Е ОД 19 ДО 5 ЧАСОТ, ЗА НАД 67-ГОДИШНИ ДВИЖЕЊЕ ОД 5 ДО 12, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАВо сабота и недела, сите лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 5 до 12 часот. (Фото: К. Попов)

    Почнувајќи од утре, во сабота и недела полицискиот час заради заштита од коронавирусот ќе биде од 19 до 5 часот следниот ден, одлучи Владата на денешната седница.

    „Во сабота и недела, сите лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 5 до 12 часот“.

    Министерот за здравство Венко Филипче, претходно кажа дека за олабавување на мерките кои ќе се предложат од понеделник, останува да се следи ситуацијата овие денови по што ќе се излеземе со мерки.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 1.586, од кои оздравени 1.099, починати е 90, а во моментов активни 397.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира