ОД ВЛАДАТА ПОБАРАВМЕ 22 ВОЗИЛА ЗА БРЗА ПОМОШ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ

    ОД ВЛАДАТА ПОБАРАВМЕ 22 ВОЗИЛА ЗА БРЗА ПОМОШ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИМеџити денес ја посети службата за Итна медицинска помош за да се информира за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава. (Фото: Министерство за здравство)

    Министерството за здравство побара од Владата да се набават нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, им рече денеска министерот Фатмир Меџити на вработените во Брза помош.

    Министерството за здравство соопшти дека барањето е доставено до Влада, но не прецизира ни кога е доставено ниту кој е одговорот од Владата.

    Планот е возилата, вели Министерството, да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите.

    „Оваа информација беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа“, соопшти Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира