ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА СЈО, НЕМА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ОСОМНИЧЕНИ ВО „ПОШТЕНСКА БАНКА“ ЗА ПЕРЕЊЕ 5 МИЛИОНИ ЕВРА

    ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА СЈО, НЕМА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ОСОМНИЧЕНИ ВО „ПОШТЕНСКА БАНКА“ ЗА ПЕРЕЊЕ 5 МИЛИОНИ ЕВРАСпецијалното јавно обвинителство на 14 октомври поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 да не им одреди притвор на двајца од осомничените во истрагата „Поштенска банка“ Томе Главчев и Ратко Димитровски поради индиции дека веќе влијаеле на сведоци, како и дека постои опасност од бегство во странство (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решението да не им се одреди мерка притвор на двајца од осомничените во истрагата за перење 5 милиони евра со кодно име „Поштенска банка“. На осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, Судот донесе решение да им се одземат пасошите како мерка на претпазливост.

    „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка. По однос на став 2 од жалбата, а по службена должност, со решението на советот на осомничените Р. Д. и Т. Г. се опредлува дополнителна мерка на претпазливост и тоа Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова“, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

    Специјалното јавно обвинителство на 14 октомври поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 да не им одреди притвор на двајца од осомничените во истрагата „Поштенска банка“ Томе Главчев и Ратко Димитровски поради индиции дека веќе влијаеле на сведоци, како и дека постои опасност од бегство во странство.

    СЈО на 13 октомври отвори нова голема истрага за перење пари од времето на Љубчо Георгиевски како премиер, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, поради која беа приведени и однесени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, три од засега 9 осомничени лица во истрагата. Поради проток на време и застареност, во истрагата Георгиевски, Ѓорчев и Груевски се спасија од делото злоупотреба на службената положба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира