ОДБРАНАТА ЈА ОСПОРИ ПРЕСУДАТА ЗА „ШПИОН“ ОД 1.056 СТРАНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДБРАНАТА ЈА ОСПОРИ ПРЕСУДАТА ЗА „ШПИОН“ ОД 1.056 СТРАНИЦИ

    Во Апелациониот суд Скопје почна јавната седница за предметот „Шпион“. Дојдоа сите 18 осудени за овој случај, со нивните адвокати и членови на семејствата. Јавната седница почна со читање на пресудата од основниот суд Скопје 1 и со презентирање на жалбите на осудените.

    На јавната седница првпат присуствуваат обвинители од Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифовска и Ленче Ристоска. СЈО ја презеде надлежноста над предметот и откако ќе се исчитаат делови од пресудата и ќе бидат презентирани жалбите во овој обемен предмет, СЈО треба да одговори на поднесените жалби и да даде предлог.

    Судијата известител Зоран Димитриевски истакна дека пресудата напишана на 1.056 страници е во целост оспорена од обвинетите и од нивните адвокати.

    „Ова е пресуда во која се пречекорени сите рокови. Таа е изготвена со задоцнување од два и пол месеци, обемна е, а одбраната имала само 15 дена за да поднесе жалба“, стои во жалбите наводи, истакна судијата Димитриевски.

    Во овој предмет опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, поранешни полициски службеници, ексдиректорот на Управата за борба против перење пари, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

    Судењето за „Шпион“ заврши на почетокот на октомври 2014 година, со објавување на пресудата. Првообвинетиот Марјан Ефремов беше осуден 15-годишна затворска казна, другите беа осудени на казни од една до девет години, дел од обвинетите се по година и пол, па и две во притвор, еден од обвинетите почина, а тие кои добија затворски казни до 3 години, до правосилност на пресудата се на слобода. Предметот повеќе од две години е пред Апелацискиот суд, но уште нема одлука за него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира