ОДБРАНАТА ВО „ТИТАНИК“ ТВРДИ ДЕКА ПОМИЛУВАЊАТА НА ИВАНОВ СÈ УШТЕ ВАЖАТ

    ОДБРАНАТА ВО „ТИТАНИК“ ТВРДИ ДЕКА ПОМИЛУВАЊАТА НА ИВАНОВ СÈ УШТЕ ВАЖАТОбвинетата Гордана Јанкулоска и адвокатот Петар Василев на рочиште за предметот на СЈО „Титаник“. (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот на Гордана Јанкулоска и Илија Димовски, обвинети во предметот на СЈО „Титаник“, во воведните зборови на денешното судење кажа дека помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов за неговите клиенти не може да биде повлечено и побара постапката против нив да биде запрена.

    Адвокатот Петар Василев се повика на одлуката на Врховниот суд во Атина да не дозволи екстрадиција на обвинетите во „Тврдина-Таргет“, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои, исто така, беа меѓу 55-мината помилувани од Иванов во април 2016 година. Иванов во јуни истата година ги повлече помилувањата, но сега Василев вели дека Врховниот суд во Атина се консултирал со Институтот за меѓународно право по што донел одлука дека помилувањата сè уште важат.

    Во „Титаник“, најобемниот предмет на СЈО, за злосторничко здружување и неколку други дела во врска со изборни нерегуларности обвинети се: Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира