ОДЛОЖЕНО ОТВОРАЊЕТО НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП, СЕ ПРАВАТ ПОСЛЕДНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОВЕРКИ

    ОДЛОЖЕНО ОТВОРАЊЕТО НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП, СЕ ПРАВАТ ПОСЛЕДНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОВЕРКИНа автопатот сега е забрането движење на возила, иако изминатиот период по него слободно се возеше.Од Министерството за транспорт и врски апелираат да се почитува забраната за движење.(Фото: СДК.МК)

    Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено оти се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски. Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба овој викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.

    „Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот  ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    На автопатот сега е забрането движење на возила, иако изминатиот период по него слободно се возеше. Покрај знаците кои означуваат забрането движење, патот е блокиран и со механизација која работи на него. Од Министерството за транспорт и врски апелираат да се почитува забраната за движење.

    Новиот автопат Миладиновци-Штип почна да се гради во 2014. Проценетата вредност за изградба на автопатот е 226 милиони евра, но од Министерството велат дека цената ќе биде пониска поради заштедите кои биле направени за време на изградбата. Колку е заштедено ќе се каже на свеченоста за пуштање на автопатот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира