ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА БОЖИНОВСКИ ПОРАДИ НОВА АДВОКАТКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА БОЖИНОВСКИ ПОРАДИ НОВА АДВОКАТКА

    Почна судењето на притворeниот новинар Зоран Божиновски, обвинет за шпиунажа, злосторничко здружување и уцена и по читањето на обвинението, судењето беше прекинато и одложено за 10 ноември, бидејќи Божиновски најмил нова адвокатка. По нејзино барање, судењето се прекина, за таа да направи увид во предметот, за да подготви одбрана.

    Во Основниот суд Скопје 1 тој претпладнево беше спроведен од затворот во Шутка. На почетокот на судењето, кога почна да се чита обвинението, Божиновски кај квалификацијата „злосторничко здружување“, реагираше дека не е тој дел од такво нешто, дека не прифаќа такво обвинение и оти судијката што го води неговиот случај и Основниот суд Скопје 1 каде таа работи се злосторничко здружување, заедно со обвинителството.

    Поради гласните коментари и негодувања на Божиновски на денешното прво рочиште, судијката од одбраната на Божиновски побара да го стиши и да му укаже дека има законска обврска пристојно да се однесува во судот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира