ОДЛУКАТА НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ ЗА РЕТРОАКТИВНА ИСПЛАТА НА ДОДАTОЦИТЕ НА ПЛАТА Е НЕЗАКОНСКА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОСКА

    ОДЛУКАТА НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ ЗА РЕТРОАКТИВНА ИСПЛАТА НА ДОДАTОЦИТЕ НА ПЛАТА Е НЕЗАКОНСКА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОСКАМинистерката за правда Рената Треневска-Десковска рече дека законски основ за зголемување на додатоците на плата имаат судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. (Фото: Влада на РМ)

    Незаконска е одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на плата, рече министерката за правда Рената Дескоска, на денешната прес-конференција.

    „Вчера на седница, без да добијам покана за да присуствувам, донеле одлука за ретроактивно зголемување на додатоците на плата. Одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на платата е незаконска“, рече Дескоска.

    Министерката Дескоска рече дека законски основ за зголемување на додатоците на плата имаат судиите, но не и за членовите на Судскиот совет.

    „Потсетувам дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски“, рече Дескоска.

    Има две одлуки на Судскиот буџетски совет, едната е донесена во ноември за додатоци за плата и таа според Дескоска била законска, но не е било во ред Судскиот буџетски совет да носи одлука за ретроактивна исплата на додатоците за септември и октомври.

    Синдикатот на УПОЗ соопшти дека Судскиот совет донел одлука да си ги зголемат своите плати и платите на судиите 35 отсто и дека одлуката има ретроактивно дејство, што значи исплата на надоместоци на платата за приближно 21.000 денари за септември и октомври 2018 година.

    Министерката за правда кажа дека препораките на Венецијанската комисија биле имплементирани во новиот закон за судовите.

    „Законот за судови е во собраниска процедура. Ќе го испратам писмото од Венецијанската комисија со кое се прифатени сите забелешки во законот“, рече министерката Дескоска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира