ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ СО ГАЌИТЕ ОД 500 ЕВРА

    ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ СО ГАЌИТЕ ОД 500 ЕВРАИвона Талевска на јавната расправа во Апелацискиот суд за мерките на претпазливост на 15 јуни минатата година (Фото: СДК.МК)

    Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 ги одби сите приговори и во целост го одобри обвинението за случајот на СЈО „Тифани“, во кој што новинарката Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување, соопшти денеска Судот. Во соопштението се вели дека „по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и насрочена главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста“.

    Истрагата за предметот со кодно име „Тифани“ беше отворена на ден 23 март минатата година. На прес-конференцијата, СЈО соопшти дека Талевска, преку своите две фирми „Смарт Центар ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „Смарт Груп ДООЕЛ Скопје“, од 2008 до 2014 година, затаила данок кон државата во вкупен износ од 44.558 илјади евра.

    Според СЈО, таа, лажирајќи во документите дека набавува стока за своите фирми, ја намалила даночната основа, го злоупотребила правото на одбивка на ДДВ и не пријавила лични приходи.

    Од асортиманот, наводно за фирмите, таа набавила: долна облека за 500 евра, облека, здолништа, чевли, ташни, ремени (33.508 евра), очила, шминки, пудри (1.009, евра), врвно дизајнирани и високо квалитетни кујнски садови и декоративни предмети од 4,672,00 евра, натаму, велосипеди од 520 евра, сигурносна врата 600 евра итн.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира