ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА ГРУЕВСКИ, НЕМА ПРИТВОР НИ ЗА ЈАНКУЛОСКА И ЈАНАКИЕСКИ

    ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА ГРУЕВСКИ, НЕМА ПРИТВОР НИ ЗА ЈАНКУЛОСКА И ЈАНАКИЕСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе мора еднаш неделно да се јавува во судот како гаранција дека нема да избега од државата - Шарените револуционери лани носеа постери со ликот на Груевски(Фото: СДК.МК)

    Предлогот за определување мерка притвор против Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески се одбива како неоснован, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Место притвор, на оваа обвинета петорка во случајот „Титаник“ за злосторничко здружување, кршење на избирачките права и злоупотреба на службените овластувања, по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот да се јавува кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и Приврмено одземање на дипломатска патна исправа.

    „Предлогот за определување мерки за претпазливост против К.М.,Л.Р.,Р.Д.,Џ.А.,М.Н.,Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д., се уважуваат и им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавуа кај надлежно службено лице во судот,  Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и Привремено одземање на дипломатска исправа за К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д“, наведува Кривичниот суд за останатите обвинети во големиот случај „Титаник“ за изборни нерегуларности.

    Од страна на СЈО во текот на 29.06.2017 година и вечерта на 30.06.2017 година до Основниот суд Скопје 1 – Скопје – одел Кривично полнолетни биле доставени вкупно 6 обвинителни акта од кои за 5 биле доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица. Во одделението за Организиран криминал и корупција биле доставени вкупно 11 обвинителни акта од кои за 10  биле доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица.

    Сите обвинителни акти, согласно електронскиот систем за водење на предмети, се распоредени на оценка кај судии, и сите предлози, веднаш по приемот беа распоредени на одлучување кај надлежните кривични совети, вели Основниот суд Скопје 1. Во текот на викендот, покрај судиите во кривичните совети биле ангажирани и дополнителни службеници и доставувачи од судот, и сите предлози биле одлучени во законски утврдениот рок, а по писмената изработка на решенијата биле доставени до странките.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира