ОКУПАЦИЈА НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ – ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИВАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОКУПАЦИЈА НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ – ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИВАНОВ

    Стотина студенти со мегафон ги повикувале своите колеги  да излезат од предавањата и да  протестираат против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој исто така е професор на овој факултет, јавуваат за СДК.МК, студенти на овој факултет. Ѕидовите на факултетот се излепени со пароли  „Нема правда нема мир“, „Каде е правдата“, „Нема да ви простиме“ и многу други кои ги видовме на протестите изминативе два дена.

    Студентите бараат од своите професори да се изјаснат за одлуката на нивниот колега Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници осомничени за криминал кој произлегува од прислушуваните разговори.

    Студентите тропале и на кабинетот на Тања Каракамишева. На вратата на нејзиниот кабинет било испишано „Фашист“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари