ОПТИМИСТ СУМ ДЕКА ЌЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ, ВО СПРОТИВНО МОЖНА Е НОВА ВЛАДА, НО И НОВИ ИЗБОРИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ОПТИМИСТ СУМ ДЕКА ЌЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ, ВО СПРОТИВНО МОЖНА Е НОВА ВЛАДА, НО И НОВИ ИЗБОРИ, ВЕЛИ ЗАЕВ„Ние сме една од 20 најуспешните работи кои Европската комисија преку претседателот Жан-Клод Јункер ги објави. Нема да дозволиме да ја изгубиме оваа шанса, бидејќи ова е драгоцена шанса“, рече премиерот Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев рече дека е оптимист оти во јуни или јули земјава ќе добие датум за преговори со Европската унија, а во спротивно се можни сите опции, од реконструкција на Влада па до предвремени избори. Тој најави дека следната недела оди за Берлин за економската агенда, но дека очекува и потврда дека ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

    Тој кажа дека реконструкцијата е поприлично готова, од директорски до министерски места, но дека зависно од тоа дали овие два месеца ќе добиеме датум за преговори ќе зависи и како ќе постапи. Рече дека верува оти  „ќе добиеме датум за преговори, јас сум оптимистот и сите сме вклучени во тоа“.

    „Ако имаме извесност ова лето јуни или јули, тоа е нашата желба да добиеме датум за преговори, продолжуваме со реконструкцијата. Доколку има одложувања, тогаш се можни сите варијанти како што е враќање на мандат, отворање внатрешна дебата, заземање на чекорите. Еден од тие се предвремени избори, другиот чекор е комплетно нова влада, третиот чекор е преземање на одговорност за неуспешното добивање на датумот за преговори, иако вината не ја гледаме овде“, рече Заев.

    Тој кажа дека земјата е сериозна и покажала дека е подготвена да носи сериозни одлуки.

    „Ние сме една од 20 најуспешните работи кои Европската комисија преку претседателот Жан-Клод Јункер ги објави. Нема да дозволиме да ја изгубиме оваа шанса, бидејќи ова е драгоцена шанса. Доаѓа нова Европска комисија се разговара за брегзитот, се разговара за повеќегодишното буџетирање на ЕУ. Овој период мора да го искористиме максимално, посебно кога сме потврдени од сите земји. Европската комисија го даде најдобриот извештај. Исполнивме 100 отсто од реформите, ги затворивме сите отворени прашања и апсолутно следува наградата која ја очекуваме, а тоа е датум за преговори“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира