Унгарскиот премиер Виктор Орбан им честиташе на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска-Давкова за победата на парламентарните и претседателските избори во Северна Македонија.
„Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска-Давкова за нивните заслужени и историски победи на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов моментум на пристапниот процес во ЕУ на Северна Македонија“, напиша Орбан на Икс.
По над 90 отсто преброени гласови на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратенички места, наспроти 19 на СДСМ. Сиљановска-Давкова победи во вториот круг од 524.658 гласови, по 94 отсто преброени гласови.