ОРЦЕ КАМЧЕВ ОД ШУТКА ПРЕФРЛЕН НА ЛЕКУВАЊЕ ВО „СИСТИНА“

    ОРЦЕ КАМЧЕВ ОД ШУТКА ПРЕФРЛЕН НА ЛЕКУВАЊЕ ВО „СИСТИНА“Судот дозволил притвореникот да биде префрлен во болницата каде што тој е член на одборот на директори (Фото: СДК.МК)

    Додека Сашо Мијалков во средата попладне се пакувал да излезе од притвор во затворот во Шутка,  сообвинетиот во процесот „Плацеви на Водно“ Орце Камчев се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, со назнака „Итно!“ во четвртокот попладне го испратил на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“.

    Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од болнички извори, Камчев кој е член на одборот на директори на болницата таму веќе го чекал тим од лекари, кој по прегледот востановил дека треба да биде хоспитализиран.

    Според извори од вработените во затворот кои биле на смена, Камчев го прегледал затворскиот лекар и откако притвореникот се жалел на силни и континуирани болки во стомакот, бил напишан извештај и пратен до надлежниот суд. Судот дозволил тој да биде префрлен во приватна болница.

    Затворскиот лекар напишал извештај до судијата Илија Трпков претседател на советот во предметот „Плацеви на Водно“. Камчев неколку пати досега го носеле на прегледи во болници од јавното здравство, но овој пат судијата Трпков дозволил да се пренесе во „Аџибадем Систина“.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира