ОСТАНАВМЕ БЕЗ ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ПОРАДИ НЕОДГОВОРНИОТ ОДНОС И ПОЛИТИКАНСТВОТО НА КАРАЏОВСКИ, ОБВИНИ СИНДИКАТОТ НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

    ОСТАНАВМЕ БЕЗ ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ПОРАДИ НЕОДГОВОРНИОТ ОДНОС И ПОЛИТИКАНСТВОТО НА КАРАЏОВСКИ, ОБВИНИ СИНДИКАТОТ НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈАПретседателот на Судски совет Зоран Караџовски на 6 април помпезно најави дека работените во судовите за месец март ќе добијат покачување од 10%, велат од УПОЗ.

    Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) го обвинија претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за неодговорно однесување и политиканство, поради кои, како што велат од УПОЗ и ЗСА, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10 отсто туку и останаа без плата пред најголемиот христијански празник Велигден.

    Тие потсетуваат дека дека Караџовски на 6 април „помпезно најави дека работените во судовите за месец март ќе добијат покачување од 10%, а покачувањето ќе се случува месец за месец, зависно од тоа колку пари ќе има во буџетот“.

    „Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) реагираат на неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски, заради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не ги добија ветеното зголемување од 10% туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник Велигден“, се вели во соопштението на УПОЗ И ЗСА.

    Синдикатот на УПОЗ бара да престане неодговорниот однос кон вработените во судовите од страна на Претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски и одговорните лица во министерството за финансии и бара да одговорат зошто доколку во буџетот на Република Македонија не биле предвидени средства за исплата на зголемувањето на плата во висина од 10% на сите вработени во судовите им се поделија решенија за утврдување на работна успешност за месец март во висина од 10% на основната плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира