ОСТАНУВАМЕ БЕЗ ОВА ЗНАМЕ, АМА ЌЕ ГО ЗЕМЕТЕ ВИЕ, МУ КАЖА БРИТАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ДАНКАН НА ДИМИТРОВ

    ОСТАНУВАМЕ БЕЗ ОВА ЗНАМЕ, АМА ЌЕ ГО ЗЕМЕТЕ ВИЕ, МУ КАЖА БРИТАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ДАНКАН НА ДИМИТРОВБританскиот министер Алан Данкан и Никола Димитров позираат пред македонското и знамето на ЕУ пред нивната средба во МНР. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан, за време на официјалното фотографирање пред средбата со министерот надворешни работи Никола Димитров во Скопје, го фати знамето на Европската унија и му кажа на Димитров: „Остануваме без ова знаме, ама ќе го земете вие“. Британците на референдумот во јуни 2016 година изгласаа да излезат од ЕУ, нешто што треба да се случи до март следната година.

    Како што соопштија од МНР, на средбата Димитров изразил благодарност за јасната и континуирана помош од Велика Британија во однос на македонските европски и евроатлантски аспирации, истакнувајќи ја важноста на Самитот за Западен Балкан, што се одржа во јули во Лондон.

    Британскиот министер Данкан го поздравил постигнатиот напредок во реформите за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО и го нагласил значењето на исходот од референдумот на 30 септември, како и важноста на постигнување уште повидливи резултати во домашните реформи во периодот што следи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира