ОСТАНУВАМЕ СИГУРНИ ПАРТНЕРИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ГЕРБЕРИХ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО 25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКА СОРАБОТКА

    ОСТАНУВАМЕ СИГУРНИ ПАРТНЕРИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ГЕРБЕРИХ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО 25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКА СОРАБОТКАМинистерот за финансии Драган Тевдовски со германскиот амбасадор Томас Герберих и сопругата на синоќешниот прием по повод 25 години соработка меѓу двете земји. (Фото: М. Златевска)

    Германија и Македонија годинава одбележуваат 25 години соработка и по тој повод германскиот амбасадор во Скопје Томас Герберих кажа дека двете земји изминатите 25 години постигнаа многу заедно и остануваат сигурни партнери. Герберих потсети дека Германија е најзначајниот трговски партнер на Македонија со годишната билатерална трговска размена од речиси 3 милијарди евра и во постојан раст. Со Германија, вели тој, Македонија остварува дури надворешно-трговски суфицит и со удел од околу 50% и Германија останува главен пазар за пласман за македонските производи, иако Германија важи за лидер во извозот.

    „Повеќе од 200 компании со германски капитал вработуваат над 15.000 работници во земјата и многубројни домашни фирми имаат трговски и бизнис контакти со Германија или ги претставуваат големите германски марки. Германско-македонското стопанско здружение со 200 членки-компании е најголемото билатерално стопанско здружение во земјата и од јануари 2017 година има самостојно Претставништо на Делегацијата на германското стопанство во Скопје“, рече Герберих во говорот на свеченоста во Германската амбасада.

    Од македонска страна, на свеченоста се обрати министерот за финансии Драган Тевдовски, кој зборуваше германската помош и за заедничките проекти на двете земји во изминатите 25 години, а говорот го заврши со шега.
    „Денес славиме 25 години од соработката. Мојата желба е на прославата на 30-годишнината од нашето пријателство, да можеме да кажеме дека: Вардар го победи Баерн Минхен во Алијанц Арената“, рече Тевдовски, кој и самиот беше фудбалер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира