ОСУМ КРАТОВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ПРАВЕЛЕ ЗАБАВА УАПСЕНИ ОД СПЕЦИЈАЛЦИ, ОТИ ПРУЖАЛЕ ОТПОР НА ОБИЧНИ ПОЛИЦАЈЦИ

    ОСУМ КРАТОВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ПРАВЕЛЕ ЗАБАВА УАПСЕНИ ОД СПЕЦИЈАЛЦИ, ОТИ ПРУЖАЛЕ ОТПОР НА ОБИЧНИ ПОЛИЦАЈЦИКога дошле да интервенираат нивните колеги, журкаџиите наводно пружиле отпор. Бидејќи носеле службени пиштоли, полицајците што дошле да интервенираат ги повикале специјалците од Единицата за брзо распоредување. (архивска фотографија)

    Осуммина полицајци од полициска станица Кратово се приведени синоќа од нивни колеги специјалци од МВР откако правеле гласна журка во селото и археолошко наоѓалиште Куклица, на влезот од гратчето.

    МВР го потврдува настанот, но чека официјални податоци од колегите од Куманово за тоа како се случил инцидентот.

    Според неофицијалните информации осумтемина полицајци се собрале во куќа во селото и привлекле внимание со гласна музика, пеење и врева. Поради галамата до доцните вечерни часови, но и дека во време кога на сила се мерките за забрана за групирање, очевидци го пријавиле настанот во локалната станица.

    Кога дошле да интервенираат нивните колеги, журкаџиите наводно пружиле отпор. Бидејќи носеле службени пиштоли, полицајците што дошле да интервенираат ги повикале специјалците од Единицата за брзо распоредување. Набрзо единицата за ЕБР ги уапсила осумтемина.

    МВР чека официјална информација дали осумтемина уапсени се од Кратовско или има и од други полициски станици, која возраст се приведените, дали пукале кога пружале отпор, дали биле пијани и со колку промили во себе.

    По расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, но ќе бидат отворени и дисциплински постапки. Дотогаш ќе бидат во полициска станица.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира